Егзум по само една сезона се враќа во Европа и тоа со стил

Данте Егзум, поранешниот кошаркар на Партизан доби нова шанса во НБА лигата откако на почетокот на сезоната доби договор во Далас каде за жал повредите го спречија да го покаже потенцијалот.

Во месец октомври мораше да помине низ оперативен потфат поради кој беше надвор од теренот четири месеци, а пред крајот на регуларниот дел од сезоната ја скрши и дланката поради што предвреме ја заврши сезоната.

Егзум со крајот на сезоната и официјално ќе биде слободен играч, а бидејќи мала е веројатноста дека Далас ќе му понуди нов договор, австралискиот кошаркар ќе биде слободен да ја бира новата средина.

Постои голема шанса тоа да биде Европа каде за негов ангажман постои сериозен интерес од страна на Панатинаикос.

Се вчитува...