Данте Егзум e најголемата жртва во хаосот што настана во финишот од мечот Реал Мадрид – Партизан, откако бекот на „црно-белите“ беше дивјачки превртен во воздух од противничкиот кошаркар Јабуселе.
Нема сомнеж дека Французинот ќе добие долга суспензија за она што го направи, но во таборот на Партизан се загрижени за состојбата на Егзум. Австралиецот веднаш по страшните сцени ја соблече патиката и се пожали на повреда, а дека ситуацијата е сериозна најдобро се виде при напуштањето на теренот, кога Егзум не можеше да гази нормално, па со помош на соиграчите се упати кон соблекувалната.
Yabusele’nin, Exum’u kündeye attığı an.
Sırbistan Yabusele hakkında kırmızı bülten çıkarsın #EuroLeague #RealMadrid #Partizanpic.twitter.com/lbAIMp8N6t— Göktuğ Özal (@goktugozal) April 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА