Манчестер Јунајтед ја оствари и четвртата последовна победа во Премиер – лигата по доаѓањето на новиот, привремен менаџер Оле Гунар Соскјер. По заминувањето на Жозе Мурињо, тимот на „црвените ѓаволи“ прикажува многу подобри игри, а вечерва беше подобар и од Њукасл на гостински терен, славејќи со 0-2.
Ромелу Лукаку го отвори резултатот во 64.минута, неполна минута откако влезе во игра од клупата за резерви. Беше тоа одличен потег на Солскјер.
Во 80.минута, Маркус Рашфорд ја завери победата на Манчестер Јунајтед. Тоа е петти негов гол на последните девет натпревари, а запиша и пет асистенции.
Борнмут и Вотфорд одиграа лудо прво полувреме (3-3), а во вториот дел не успеаја да постигнат ниту еден погодок и на крајот ги поделија бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА