Ракометарките на Вардар се зрели за искачување на врвот на Европа, во обид на својот последен фајналфор турнир да се закитат со големиот трофеј што неколку пати им беше на дофат, но им се лизгаше низ прсти на „црвено-црните“. Ова е дел од анализата што ЕХФ ја направи за македонскиот првак како дел од најавата за фајналфор турнирот што претстојниот викенд ќе се одржи во Будимпешта.
„Кога се игра против Вардар, многу екипи си заминале од теренот не знаејќи што ги снашло. Сепак, фајналфор турнирот од ЛШ секогаш е поинакво натпреварување. За успех на Вардар неопходно ќе му биде Андреа Лекиќ и Драган Цвијиќ да блеснат посилно посилно од било кога. Бидејќи двете играат во врвна форма, воедно и знаат како се освојува трофејот во ЛШ, а и добро се познаваат меѓу себе“ – се вели во анализата.
Во неа, како слабост се наведува можното опуштање во таборот на „црвено-црните“. Цела сезона тимот игра одлично, но прашање е дали може да го издржи ритамот буквално до самиот крај, да не дојде до намалување на фокусираноста на најважните натпревари сезонава.
Како „икс фактор“ на Вардар се смета фактот дека ова е проштално натпреварување за „црвено-црните“, кои веќе си обезбедија трансфери ширум Европа.
„Во Ласло Пап арената ќе има солзи од вардарки, нека бидат солзи радосници“.
За потсетување, Вардар во полуфиналето од фајналфор турнирот ќе се сретне со Ростов, а во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат ЧСМ Букурешт и Ѓер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА