ЕХФ без размислување: Митревски е МВП на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација без ниту најмало размислување МВП признанието од изминатово 4. коло во Лигата на шампионите го додели на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски.

Митревски во победата на Порто против ПИК Сегед запиша извонредни 15 одбрани од вкупно 32 шута кон неговиот гол, притоа со издвоената одбрана на годината по „двојниот цепелин“ на Унгарците.

„Никола Митревски е нашиот МВП. Се прашувате зошто? Погледнете го видеото“ – напишаа од ЕХФ во објаснувањето за МВП признанието…

 

Се вчитува...