Европската ракометна федерација ЕХФ, донесе конечна одлука околу Драган Начевски. Начевски беше ослободен од функцијата претседател на Судиската комисија во мај 2023 година откако не го пријавил „контактот“ до ЕХФ со наводен кинески бизнисмен, во случајот актер кој требаше да му „смести“ на Начевски договор за месење на натпревари за обложувалници.
Првично беше отстранет од ракометот на две години, и парична казна поради понудата за мито и влијаење врз конечен исход на натпревар. Поднесе жалба, која беше прифатена, а сега ЕХФ донесе конечна одлука во однос на жалбата, и останува првичната казна од две години забрана за занимавање со ракомет. Одлуката почнува од денеска 12. април 2024 година.
Начевски беше под истрага по видео-снимките објавени од данската телевизија ТВ2. Иако во снимката јасно се гледа дека тој ја одбива понудата што ја добива, ЕХФ најпрвин реши да го разреши од функцијата, а денеска и официјално да го суспендира, со образложение дека не го пријавил случајот кај релевантните лице во ЕХФ.
„Судот на ракометот на ЕХФ го суспендираше Начевски од вршење набило каква функција во ЕХФ во наредните две години, од денот на одлуката. Покрај тоа, Драган Начевски ќе плати 5.000 евра за прекршување на фундаменталните обврски наведени во Правилникот на ЕХФ и ЕХФ Кодексот на натпреварување“, беше тогаш одлуката на европската куќа на ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА