Ракометните екипи на Бутел Скопје, Тиквеш и Охрид ги дознаа своите противници во првото коло од ЕХФ Европскиот куп.
Бутел ќе игра со Дуделанж од Луксембург. Првиот натпревар македонскиот тим ќе го игра на гостински терен, додека реваншот ќе биде во Скопје. Доколку го мине првото коло Бутел во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп ќе игра против косовскиот тим Раховец.
Првите натпревари од првото коло се закажани за 6/7 септември, додека вторите дуели ќе се одиграат на 13/14 октомври.
Тиквеш во второто коло го доби турскиот првак Бешикташ. Првиот натпревар кавадаречкиот тим ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е во Кавадарци.
Тимот на Охрид доби ривал по мерка во второто коло и ќе игра против тимот на Баку од Азербејџан. Првиот натпревар Охрид ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е во Охрид.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 11/12 октомври, додека вторите дуели ќе се одиграат на 18/19 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

