ЕХФ ги одреди шеширите: Еве со кого Македонија може да се бори за пласман на СП 2027

ЕХФ ги потврди шеширите пред утрешната ждрепка за баражите за пласман на Светското првенство 2027 година во Германија.

Македонија е сместена во првиот шешир, и ќе ги избегне селекциите  кои се заедно со неа, односно Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија.

Можни ривали на Македонија се Италија, Чешка, и победниците од останатите натпревари.

БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП

  1. ШЕШИР: Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Ф. Острови, Македонија, Холандија, Австрија.
  2. ШЕШИР: Италија, Чешка, Србија/Литванија, БиХ/Косово, Финска/Ц. Гора, Грузија/Израел, Грција/Белгија, Турција/Романија, Украина/Словачка, Полска/Летонија

Ждрепката ќе се одржи утре (сабота) во 15:00 часот.

Се вчитува...