„Спортрадар“ изнесе низа обвинувања за наводно местење на ракометни натпревари, меѓу кои и мечеви во Лигата на шампионите и СЕХА Лигата, и во кои наводно учествувале и македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Данскиот „Спорт ТВ2“ пробал да земе и изјави од Начевски и Николов, за време на Мундијалот во Малме, но тие одбиле да коментираат.
Меѓу местенките, наводно бил и натпреварот Веспрем – Вардар во 2016 година кој заврши нерешено 26-26 со пенал во последните секунди за „црвено-црните“.
Овие пишувања брзо ги демантираше Европската ракометна куќа (ИХФ).
„По добивањето на извештајот во декември 2018 година, Европската ракометна федерација веднаш ја препрати документацијата до надлежните органи, односно Унијата за спортски интегритет, Одделот за организиран криминал, при Федералните криминалистичко разузнавачки служби на Австрија, за да се направат сите потребни истрагите на национално и меѓународно ниво би можеле веднаш да бидат покренати. Според сознанијата на ЕХФ, до денес овие полициски истраги не дале никакви резултати и шпекулациите остануваат недокажани по истрагата. Анализите што тогаш ги направи ЕХФ не дадоа докази што би го оправдале започнување на правна постапка. Во принцип, потенцијалните случаи во согласност со структурата на ЕХФ ги иницира иницијаторот на постапката, независна институција во системот на федерацијата. Судиите не беа суспендирани бидејќи ниту полицијата ниту ЕХФ не ги утврдија причините за такво нешто“, се наведува во соопштението на Европската ракометна куќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА