Македонскиот првак Е. Пелистер е на добар пат повторно да биде дел од ракометната Лига на Шампионите откако битолчани аплицираа за вајлд-карта, а ЕХФ денеска објави дека „зелено-белите“ немаат преголема конкуренција за да бидат дел од елитното натпреварување.
Имено, апликации за преселба од ЕХФ Лигата на Европа во Лигата на Шампионите се пристигнати од само девет клуба, од кои дури шест ќе бидат прифатени. „Пелистерци“ во последните две години на ваков начин стигнуваа до билет за елитното друштво, а нивни противници во трката за вајлд-карта се ГОГ, Нант, Пик Сегед, Колстад, Киелце, Порто, Слован и Шафхаузен.
Конкуренцијата не е наивна, особено ако се знае дека унгарскиот и францускиот второпласиран тим секогаш се дел од ЛШ, а Киелце е тим со сериозно реноме и поранешен европски првак. Сепак, во таборот на „пелистерци“ владее оптимизам дека ЕХФ ќе го препознае растот на битолскиот клуб од година во година и повторно ќе му даде можност да заигра во Лигата на Шампионите.
Конечната одлука ќе биде донесена на 24 јуни, а пласман во групната фаза од ЛШ веќе имаат обезбедено: Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Фухсе Берлин, Магдебург, Веспрем, Висла, Спортинг и Динамо Букурешт.
Teams requesting an upgrade:
- DEN – GOG
- FRA – HBC Nantes
- HUN – OTP Bank – PICK Szeged
- MKD – HC Eurofarm Pelister
- NOR – Kolstad Håndbold
- POL – Industria Kielce
- POR – FC Porto
- SLO – RD LL Grosist Slovan
- SUI – Kadetten Schaffhausen
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

