ЕХФ го одреди идеалниот тим на Европското првенство (ФОТО)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одреди идеалниот тим на Европското првенство за жени во пресрет на големото финале помеѓу Норвешка и Данска.

За идеалниот тим гласаа илјадници новинари и ракометни експерти, а изборот падна на:

Лево крило: Ема Фрис (Данска)
Лев бек: Тјаша Станко (Словенија)
Среден бек: Хени Рајстад (Норвешка)
Десен бек: Катрин Клујбер (Унгарија)
Десно крило: Викторија Гиори-Лукаш (Унгарија)
Кружен напаѓач: Татјана Брновиќ (Црна Гора)
Голман: Ана Кристенсен (Данска)
Најдобар одбранбен играч: Паулета Фопа (Франција)
Најдобар млад играч: Петра Симон (Унгарија)

Се вчитува...