ЕХФ го промени распоредот: Е. Пелистер тргнува со Загреб дома

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер со домашен натпревар против ППД Загреб ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите.

Мечот во арената „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одигра на 10. или 11. септември. Во вториот меч Пелистерци ќе му гостуваат на Пари Сен Жермен.

Во октомври во Битола доаѓа Барселона, додека актуелниот европски шампион Магдебург во Македонија ќе гостува во ноември.

Целиот распоред можете да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...