Европската ракометна федерација го промени календарот за натпреварите во Лигата на шампионите во сезоната 2023/24.
„Заради распределбата на ТВ-правата на земјите со повеќе учесници во Лигата на шампионите, изменет е календарот за Лигата на шампионите 2023/24. Саатниците ќе бидат дефинирани во следните неколку недели. Термините за Лигата на шампионите остануваат среда и четврток во 18:45 и 20:45 часот“ – информираа од ЕХФ.
Па, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер своите натпревари место со ППД Загреб на гостински терен, ги почнува на 13. септември против Колштад во Битола.
Календар за сезона 2023/24 во Лигата на шампионите:
13/14.09.2023 – Еурофарм Пелистер – Колштад
20/21.09.2023 – Алборг – Еурофарм Пелистер
28/29.09.2023 – Еурофарм Пелистер – Кил
11/12.10.2023 – ПСЖ – Еурофарм Пелистер
18/19.10.2023 – ППД Загреб – Еурофарм Пелистер
25/26.10.2023 – Еурофарм Пелистер – Киелце
15.16.11.2023 – ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
22/23.11.2023 – Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
29/30.11.2023 – Киелце – Еурофарм Пелистер
06/07.12.2024 – Еурофарм Пелистер – ППД Загреб
14/15.02.2024 – Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024 – Кил – Еурофарм Пелистер
27/28.02.2024 – Еурофарм Пелистер – Алборг
06/07.03.2024 – Колштад – Еурофарм Пелистер
27-28 март 2024 – осминафинале (прв натпревар)
03-04 април 2024 – осминафинале (втор натпревар)
24-25 април 2024 – четвртфинале (прв натпревар)
01-02 мај 2024 – четвртфинале (втор натпревар)
08-09 јуни 2024 – „фајнап-фор“ турнир во Келн
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА