ЖРК Вардар славејќи против Турингер со 36-26 како првопласиран во групата продолжува во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Одличниот натпревар против Турингер смести и три ракометарки на Вардар меѓу најдобрите на колото според изборот на ЕХФ. Покрај Јованка Радичевиќ која е една од трите ѕвезди на колото, Амандин Лејно има една од пет најдобри одбрани, додека Белорусинката Дијана Илина се најде во изборот од пет најубави голови на колото.
Изборот на најдобрите пет одбрани може да го погледнете ТУКА. Најдобрите пет погодоци, меѓу кои е и оној на Илина, може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА