Ракометарите на Еуфорарм Пелистер загубија на гостувањето во Загреб кај „фенерџијата“ со 27-23, и го претрпеа осмиот пораз во десетиот натпревар во Лигата на шампионите. Поразот ги оддалечува од посакуваните први шест места кои носат пласман во следната фаза.
Битолчани имаа одличен старт, но потоа паднаа и тоа го искористија домашните ракометари кои успеаја да дојдат до триумфот.
Европската ракометна куќа ЕХФ одбележа еден момент од македонскиот првак. Голот на Хаџиќ кој го нарекоа „непредвидлив“, откако интернационалецот со одличен удар успеа да го совлада домашниот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

