Ракометарите на Е. Пелистер очигледно беа оштетени од судиите на натпреварот од 8. коло во Лигата на шампионите против ПИК Сегед на кој македонскиот шампион загуби со гол примен во последните секунди од мечот.
Незадоволни од судењето на дуелот, од РК Еурофарм Пелистер поднесоа официјална жалба до ЕХФ за судењето на дуелот против унгарскиот тим. Сепак, од ЕХФ оваа жалба беше одбиена поради тоа што одлуките на судии на мечот не се подложни на приговор.
„Жалбата беше поднесена за неколку одлуки на судиите. По добро разгледување на наводните контроверзни одлуки, потврдени беа опсервациите на судиите во текот на натореварот. Според регулациите на ЕХФ и Лигата на шампионите, финалните одлуки на судиите не се подложни на приговор. Поради тоа, жалбата се отфрла бидејќи нема основа. Еурофарм Пелистер може да поднесе жалба до Апелацискиот суд при ЕХФ“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА