ЕХФ ја одби жалбата, Словенците го напуштаат Европското првенство?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одби жалбата на Словенија по вчерашната драматична одлука на судиите, со која Германците добија можност по истекот на натпреварот со седмерец да стигнат до реми (25-25). По ова, Словенците дури размислуваат и за напуштање на Европското првенство, да не го одиграат третото коло, што секако ќе донесе нов хаос во нашата група.

Претседателот на Словенечката ракометна федерација, Фрањо Бобинц, во неофицијален разговор напоменал дека Словенија сериозно размислува за напуштање на ЕП во Хрватска, со оглед дека нивната селекција била „уништена“ од судиските одлуки, и на мечот против Македонија, и на синоќешниот дуел со Германија.

Судиите долго ја анализираа ситуацијата со ВАР технологија, и на крајот утврдија дека Благотиншек го попречил изведувањето на ‘брз центар’ во последната секунда од мечот, и тоа од забранетиот простор на центарот од теренот. Поради тоа доби црвен картон, а Германија доби седмерец, согласно новите ракомени правила.

 

 

Се вчитува...