ЕХФ ја промени групата на Македонија за шампионатот во Бугарија!

ЕХФ и официјално ја промени групата на Македонија за шампионатот во Бугарија. Според ждрепката, Македонија требаше да биде дел од полесната група А, заедно со селекциите на Велика Британија, Израел, Литванија, Луксембург и јужниот сосед.

Сепак, по исклучувањето на Белорусија од турнирот, останаа само 10 селекции, а Македонија го зазема место во првиот шешир на исклучената репрезентација. Ова значи дека нашата репрезентација ќе биде дел од групата Б заедно со Швајцарија, Романија, Украина и Косово.

За потсетување, ЕХФ шампионатот во Бугарија ќе се игра од 16 до 24 јули. Победникот на овој ЕХФ шампионат обезбедува место на младинското Светско првенство во 2023 во Германија и Грција, додека второто место носи дополнителни квалификации.

Се вчитува...