Ниту ЕХФ не можеше да не го одбележи маестралниот настап на најголемата македонска ракометна легенда Кирил Лазаров, кој имаше феноменални последни десет минути во триумфот на Нант на гостински терен против Киелце и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„Господарот на ракометот“ – вели ЕХФ за Лазаров, испратено со една од неговите вкупно пет асистенции на мечот со Полјаците. Македонскиот селектор натпреварот го заврши и со четири постигнати погодоци од кои два клучни во последните минути.
WATCH: The master at work ?
Sneaky pass from @LazarovKiril7 to set up Dragan #Pechmalbec.@HBCNantes @kielcehandball #ehfcl #showtimeforplayoffs pic.twitter.com/tfcxLV4ns4— EHF Champions League (@ehfcl) April 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА