Се ближи почетокот на ракометниот европски шампионат во кој Македонија осми пат во низа ќе биде дел од елитниот континентален собир, а ЕХФ денеска преку кратка видео-компилација го претстави Марко Митев како еден од клучните адути на нашиот национален тим во Хернинг.
„Гарантиран шоутајм. Талентот што расте ја предводи Македонија на осмото ЕП во низа. Дали ќе можат да ја минат групата со Данска, Португалија и со Романија“, прашуваат од ЕХФ.
Македонија првиот меч на ЕП 2026 ќе го игра на 16 јануари против домаќинот Данска во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

