ЕХФ му се поклони на Митев: Марко е „ѕвер“, иднина на македонскиот ракомет (видео)

Марко Митев одигра извонреден натпревар за Алкалоид против Ла Риоха, предводејќи го македонскиот вицепрвак до историски прв триумф во европските натпреварувања.

Митев постигна неколку неверојатни погодоци против шпанскиот состав, а ЕХФ денеска го потенцираше ремек-делото на македонскиот репрезентативец од првото полувреме, кога тој влезе низ зоната, а потоа со шут зад грбот велемајсторски го матираше противничкиот голман.

„Иднината на македонскиот ракомет се вика Марко Митев. И тој е ѕвер“, се вели во описот на ЕХФ за мајсторскиот погодок на ракометарот на Алкалоид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF European League (@ehfel_official)

Се вчитува...