Арпад Штербик, сосема очекувано, е во Олстар тимот на сезоната 2017/2018 во Лигата на шампионите, објави ЕХФ пред Ф4 турнирот кој викендов се одржува во Келн.
Пред денешниот „Медиа деј“ на сите четири екипи учеснички на Ф4 завршницата од ЛШ, ЕХФ го објави Олстар тимот во кој единствен од Вардар е Арпад Штербик…
Во Олстар тимот на Лигата на шампионите за 2017/2018 се: Арпад Штербик (Вардар), Уве Генсхајмер (ПСЖ), Давид Балагер (Нант), Сандер Сагосен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Дика Мем (Барселона) и пивотот Бјарте Мирхол (Скјерн).
Најдобар дефанзивец е Лука Карабатиќ (ПСЖ), најдобар млад ракометар Ромаин Лагарде (Нант) а тренер на сезоната е Парис Канаје, стратегот на Монпелје.
The VELUX EHF Champions League 2017/18 All-star Team ?@HCVardar @psghand @skjernhaandbold @FCBHandbol @HBCNantes @mhbofficiel #ehffinal4 #veluxehfcl pic.twitter.com/M5NtcJYXzX
— EHF Champions League (@ehfcl) May 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА