Македонската ракометна репрезентација нема да игра два, туку само еден бараж за пласман на светскиот шампионат што следниот јануари ќе се одржи во Египет. „Црвено-жолтите“ не успеаја да се пласираат во втората фаза од ЕП 2020, по што се чинеше дека заедно со сите останати селекции што предвреме го завршија настапот ќе мора да играат два баражи за учество на наредниот ракометен Мундијал.
Сепак, ЕХФ денеска конечно ги отстрани сите дилеми, објавувајќи го системот на натпреварување за пласман на селекциите од Европа на СП 2021. Според пропозициите објавени денеска, четирите најслаби селекции на ЕП 2020, Летонија, БиХ, Русија и Полска, ќе се натпреваруваат во првата рунда баражи со репрезентациите кои обезбедија учество преку претквалификации, Литванија, Романија, Турција и Израел.
Победниците од овие четири баражи потоа ќе се приклучат на останатите селекции кои нема да обезбедат пласман на СП 2021 преку овој европски шампионат (меѓу нив и Македонија), ќе се најдат во ждребот за вторите бараж пресметки, од кои победниците ќе осигураат мундијалска виза. Вторите баражи ќе се играат на 5-7 јуни и 9-11 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА