ЕХФ планира: Вардар против Сегед во јуни, Македонија и Франција ќе играат среде лето

Европската ракометна федерација објави провизорен план за одигрување на континенталните клупски и репрезентативни натпревари кои беа поместени поради пандемијата со коронавирусот. ЕХФ планира, ако дозволат условите, европскиот ракомет да се врати во јуни со тоа што Ф4 турнирите во неколку натпреварувања би биле поместени за август и за септември. Во април и во мај воопшто нема да има натпревари.

Македонскиот и европски првак Вардар, според овој план, осминафиналето од Лигата на шампионите против Пик Сегед би требало да го одигра во првата недела од јуни, по системот среда/четврток-сабота/недела. Ако се пласира во четвртфиналето, Вардар би играл во периодот од 22. до 28. јуни. Ф4 тунирот во машка конкуренција е предвиден за 22-23 август. Во планот на ЕХФ стои дека ако ситео вие наптревари не може да бидат одиграни, за палсман во следната фаза ќе се земат в предвид резултатите од комплетираните рунди. Тоа би можело да значи дека на пример на Ф4 во Келн ќе играат двете првполасирани екипи од конечните табели по групната фаза.

За истата седмица е предвидено и продолжението од квалификациите за ЕВРО 2020 во женска конкуренција со тоа што сите натпревари би биле одиграни по турнирски систем во една сала. Македонската репрезентација која е во квалфикациската група 5 треба да ги одигра дуелите со Шведска и со Чешка.

Македонската машка ракометна репрезентација баражот за пласман на следното Светско првенство, во 2021 година во Египет ќе го одигра во периодот од 29. јуни до 5. јули. Нашата селекција треба да се сретне со Франција.

Како што стои во соопштението од ЕХФ, ова е план за кој нема гаранција дека би бил реализиран и ќе зависи од развојот на настаните со коронавирусот на светско ниво.

Комплетниот провизорен распоред можете да го погледнете на овој линк.

 

Се вчитува...