ЕХФ потврди: Лигата на шампионите во иднина со 24 екипи, промени и во Лигата на Европа!

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на денешниот свој состаник ги потврди промените во двете најквалитетни европски клупски натпреварувања.

Лигата на шампионите во иднина ќе се прошири на 24 тима, а промени ќе има и во Лигата на Европа на ЕХФ која во иднина ќе брои 32 тима. Според измените, Лигата на Европа во иднина веднаш ќе стартува со групна фаза, без досегашниот квалификацискиот дел.

„Овие промени се резултат се носат по сериозни анализи и дискусии изминатите месеци, во кој беа вклучени клучните чинители во европскиот ракомет – клубовите, лигите и федерациите. Сето ова е за зголемување на квалитетот но и возбудливоста на европските натпревари“ – истакна претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

Новините стартуваат од сезоната 2026/27. Според новиот формат, Лигата на шампионите ќе има шест групи со по четири тима. Првите две екипи од секоја група ќе обезбедат место во главната фаза, додека третопласираните и четвртопласираните ќе продолжат во Лигата на Европа. Дванаесетте тима што ќе се пласираат во главната фаза ќе бидат поделени во две групи со по шест екипи, кои ќе играат двојно коло – дома и на гости.

Првите четири тима од секоја група ќе обезбедат место во четвртфиналето, а победниците од тие дуели ќе патуваат на Фајнл фор во Келн.

Двете петтопласирани екипи од главната фаза ќе се преселат во осминафиналето на Лигата на Европа.

ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА ВЕДНАШ СО ГРУПНА ФАЗА ЌЕ СТАРТУВААТ 32 ЕКИПИ

Лигата на Европа, пак, ќе стартува веднаш со групна фаза, со 32 екипи поделени во осум групи по четири екипи, без квалификации. Првите две екипи од секоја група ќе одат во елиминациски натпревари, а во плејофот ќе им се придружат 12 екипи од Лигата на шампионите (трето и четвртопласираните во своите групи).

Победниците од тие дуели (вкупно 14 тима), заедно со двете петтопласирани од главната фаза на Лигата на шампиионите, ќе продолжат во 1/16-финалето од Лигата на Европа, па се до финалниот натпревар.

Се вчитува...