Ракометарите на Вардар директно ќе учествуваат во групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ, откако како вицешампиони на Македонија го искористија фактот дека Е. Пелистер беше промовиран еден ранг погоре – во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ според првичните прогнози требаше да играат една квалификациска рунда, но преселбата на битолчани во ЛШ значеше и промоција за Вардар, од квалификациите директно во групната фаза. Новата сезона од групната фаза од ЕХФ Лигата на Европа стартува на 8 октомври и ќе трае до 26 ноември, а според пропозициите, најдобрите две екипи од секоја група ќе продолжат во наредната фаза.
Пласманот во групите од ЛЕ е обврска плус за раководството на Вардар за ангажман на уште поквалитетни ракометари во тимот, ако се знае дека „црвено-црните“ летово останаа без двајцата најдобри играчи од ланскиот ростер, голманот Томовски и јапонскиот бек Јасухира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА