ЕХФ ПОТВРДИ: Вардар е осминафиналист во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и официјално потврди дека Вардар службено го доби натпреварот против Брест Мешков со резултат 10-0. Со оваа победа Вардар и дефинитивно го освои петтото место во групата А во Лигата на шампионите и последниот меч против Елверум во Скопје нема да има никакво резултатско значење за нашиот шампион.

Мешко Брест доживеа дисквалификација од елитата поради руската агресија на Украина со која сите тимови од Русија и Белорусија се дисквалификувани од европските натпреварувања. Исто така и мечевите на Мотор Запорожје во лигата се регистрирани со победи на противниците, бидејќи во овој момент тимот поради руската агресија не може да ги одигра своите мечеви.

Со освојување на петтото место Вардар во осминафиналето ќе игра против Веспрем кој на крајот ќе заврши на четвртата позиција на табелата во Б сегментот. Иако унгарскиот тим има само бод негатива зад Барселона и ПСЖ, а токму со Французите игра во последното коло, откако на овие два тима ќе им бидат вброени бодовите од мечевите со Мотор Запорожје, Веспрем нема шанси да ги надмине.

 

 

Се вчитува...