Е. Пелистер загуби убедливо на гостувањето во Полска, но еден од најубавите голови беше дело на македонскиот ас Филип Кузмановски, кој биеше маестрално од девет метри пред крајот на првото полувреме, сместувајќи ја топката во горниот агол од голот на Висла.
Комплименти пристигнаа и од медиа-тимот на ЕХФ задолжен за Лигата на шампионите, кој на ова ремек-дело на „фитиљ“ стави наслов: „Дали Кузмановски е најдобриот шутер од далечина во ЛШ?“
За жал, капитенот на „пелистерци“ немаше свој ден синоќа во Полска, па мечот го заврши со само два гола, од вкупно пет шутеви кон противничкиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

