Металург и дефинитивно останува без својот најдобар играч од ланската сезона откако ЕХФ пресуди против македонскиот вицепрвак во спорот со српскиот ракометар. Како што е добро познато, Обрадовиќ инсистираше да се пресели во Висла Плоцк повторувајќи дека е слободен играч, но „металурзите“ тврдеа дека тој има уште една година од актуелниот договор со македонскиот клуб, притоа барајќи отштета за евентуален трансфер.
Клубот од Автокоманда одби и понуда од 10.000 евра од Висла инсистирајќи на повисока отштета од полскиот клуб, за денеска да пристигне шокантна информација за македонскиот вицепрвак.
Имено, Арбртиражната комисија при ЕХФ пресуди дека Обрадовиќ воопшто немал договорни обврски со македонскиот клуб, давајќи зелено светло за реализција на неговиот трансфер во Полска без никаква отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА