Европското првенство заврши, а ЕХФ преку најразлични видео записи ги одбележува најдобрите моменти од овој континентален собир.
Меѓу нив, дефинитивно беше и настапот на Филип Кузмановски и неверојатните 15 погодоци што македонскиот капитен ги постигна при ремито со Португалија.
„Најдобар меч на ЕП на сите времиња? 15 гола од 18 обиди, наклон за Филип Кузмановски“, објави ЕХФ крај видео-записот од неверојатниот меч на Македонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

