Македонија е вистински „хит“ на Европското првенство во Хрватска и како првопласирана, со три бода, продолжува во втората фаза што ќе се одигра во Вараждин. Во меѓувреме, ЕХФ ги сумира впечатоците од првата фаза, и двајца македонски репрезентативци се најдоа меѓу Топ 5 головите.
Шраубата на Стојанче Стоилов против Германија е најубавиот гол по првата фаза во групите Ц и Д, кои сега вкрстуваат и во следната фаза. Исто така и цепелинот на Кире Лазаров и Филип Талески се најде на четвртото место…
Видеото може да го погледнете на следниот линк
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА