ЕХФ со анализа за Македонија – Кога играш дома се е возможно

Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи опсежна анализа и најава за женската ракометна репрезентација. Македонија заедно со Црна Гора и Словенија во периодот од 4. до 20. ноември ќе биде домаќин на најдобрите репрезентации на стариот континент.

Во најавата од Куќата на ракометот велат дека иако македонските девојки се аутсајдерки во групата со Франција, Холандија и Романија, сепак кога играш на домашен терен шансите за изненадување се уште поголеми.

Како проблем за Македонија се напоменува недостасувањето на капитенот Елена Ѓоргиевска која поради повреда ќе го пропушти првенството. Во прв план е ѕвездата на ЦСКА Москва, Сара Ристовска, додека најголемо срце во репрезентацијата има голманката Јована Мицевска.

Целиот текст можете да го погледнете на следниот линк.

 

Се вчитува...