ЕХФ со најава за Македонија – Тие се пред предизвикот на своите животи

Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од десет години се враќа на големите натпреварувања, откако заедно со Црна Гора и Словенија е домаќин на Европското првенство кое ќе се игра од 4. до 20. ноември.

Иако нашите ракометарки немаа среќа на ждрепката и во групата се со големите фаворити Франција, Холандија и Романија, девојките на Љубомир Савевски не ни размислуваат предвреме да се откажат од пласман во втората фаза.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) со најава за нашите ракометарки вели дека ова е најголемиот предизвик во кариерата на овие млади ракометарки.

 

Се вчитува...