ЕХФ со одлука: Две години суспензија и парична казна за Драган Начевски

Драган Начевски беше неоправдано ригорозно казнет од страна на ЕХФ, откако европската куќа на ракометот денеска ја обелодени одлуката за истрагата против Македонецот кој со години успешно ја извршуваше функцијата како прв човек на Судиската комисија во ЕХФ. Според денешната одлука, Начевси е суспендиран на период од две години, плус е парично казнет поради непријавување на „непристојна понуда“ за мито за влијаење врз конечен исход на натпревар.

Начевски беше под истрага по видео-снимките објавени од данската телевизија ТВ2. Иако во снимката јасно се гледа дека тој ја одбива понудата што ја добива, ЕХФ најпрвин реши да го разреши од функцијата, а денеска и официјално да го суспендира, со образложение дека не го пријавил случајот кај релевантните лице во ЕХФ.

„Судот на ракометот на ЕХФ го суспендираше Начевски од вршење набило каква функција во ЕХФ во наредните две години, од денот на одлуката. Покрај тоа, Драган Начевски ќе плати 5.000 евра за прекршување на фундаменталните обврски наведени во Правилникот на ЕХФ и ЕХФ Кодексот на натпреварување“, се вели во одлуката на европската куќа на ракометот.

Воедно, ЕХФ наведува дека казната се однесува само на непријавувањето на случајот, додека истрафата околу нерегуларности поврзани со обложување се уште е во тек.

Се вчитува...