Вардар нема да патува во Белорусија за натпреварот против Мешков Брест од 13. коло во групната фаза од Лигата на Шампионите. Причината е добро позната – војната во Украина па „куќата на ракометот“ одлучи да го откаже натпреварот кој требаше да биде одигран на 2. март.
Соопштението на ЕХФ не даде јасен одговор на што понатаму, а истото ќе биде разјаснесто во следниот период.
„Натпреварот од 13 коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра. Вардар 1961 требаше во вторник да патува за Брест, Белорусија на средба од ЛШ, но истиот нема да се одигра. Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека ‘сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот’. За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период“, стои во соопштението упатено до македонскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА