ЕХФ: „Вардарки“ се број 1 во женскиот ракомет

Претстојниот викенд продолжуваат возбудувањата во ракометната ЛШ за жени, завршница во која Вардар ќе го има својот последен обид да стигне до врвот на европскиот ракомет во женска конкуренција. „Црвено-црните“ играат одлично цела сезона, па неслучајно се најдоа и на првото место на најновото рангирање на ЕХФ, објавено непосредно пред четвртфиналните дуели со Митјиланд.

„На играчите среде сезона им беше кажано за плановите за иднината… некои однив веќе имаат договори за следната сеззона, но Вардар сепак успеа да ја заврши главната фаза со само еден пораз, тоа е импресивен скор. Митјиланд не делува како пречка што би можела да ги сопре ланските финалисти од патот кон Будимпешта. А со мотивацијата знаејќи дека ова им е последна заедничка авантура, големи се шансите да ги видиме Амандин Лејно и останатите ракометарки да го кренат трофејот во Будимпешта“ – се вели во кратката анализа за „црвено-црните“ објавена на официјалната веб-страница на ЛШ на ЕХФ.

Зад Вардар на ова рангирање се наоѓа актуелниот европски првак Ѓер, пред Ростов, Мец и ЧСМ Букурешт. Следниот ривал на македонскиот првак, дански Митјиланд е на осмата позиција, веднаш зад Будуќност и ФТЦ Будимпешта, тимови што „вардарки“ лесно ги победуваа сезонава.

Се вчитува...