EХФ воведува ново елитно репрезентативно натпреварување, што значи тоа за Македонија

Извршниот одбор на Европската ракометна федерација објави започнување на ново репрезентативно натпреварување, кое ќе се вика Европски ракометни игри и кое треба да се игра на секои четири години. Премиерното натпреварување ќе се игра во 2030 година.

Како што е најавено, осум од најдобрите машки и женски екипи од Европа ќе учествуваат на Европските ракометни игри, а на победниците ќе им биде загарантирано место на Олимписките игри.

Новото натпреварување треба да добие репрезентативен термин во септември, што значи дека динамиката на Европските првенства, кои се играат секоја втора година, нема да се промени. Не е потврдено како ова ново натпреварување ќе влијае на фактот дека европскиот шампион има сигурно место на Олимписките игри сега кога новото натпреварување гарантира иста „награда“.

Каков ќе биде начинот на пласман на овие игри дали осумте најдобри според ЕХФ ранг-листата или осумте најдобри од последниот континентален шампионат ќе бидат дел од него и каква ќе биде шансата Македонија да се пласира на игрите ќе биде дополнително познато.

Се вчитува...