ЕХФ за големата победа: Каква атмосфера во Битола (видео)

Е. Пелистер триумфално ја отвори новата сезона во Лигата на Шампионите, славејќи во драматичен финиш над Загреб со 25-23. Ракометарите го издржаа финалниот притисок, а за тоа голема заслуга имаат и навивачите во салата „Боро Чурлевски“, кои во текот на целиот меч им дадоа огромна поддршка на „пелистерци“.

Од атмосферата беа воодушевени и во ЕХФ, па во објавата за големата победа на Пелистер и последниот гол на македонскиот рвак стои.: Каква атмосфера за ЛШ во Битола…

Со вакви навивачи, Пелистер има адут плус во походот кон нокаут фазата во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...