Реал Мадрид доживеа дебакл на гостувањето против Еибар, губејќи со 3-0. Тоа е прв пораз на „кралевите“ под раководство на Сантијаго Солари, но и на првиот меч откако тој доби перманентен договор до 2021 година.
„Кралевите“ беа непрепознатливи, а домашниот тим тоа знаеше да го искористи и направи сензација. Гонзало Ескаланте во 16. минута го совлада Тибо Куртоа и Еибар на одмор замина со минимална предност. Во вториот дел се очекуваше офанзива на Реал Мадрид, но Еибар постигнуваше голови. Серхио Енрих во 52.минута зголеми на 2-0, а пет минути подоцна Кике го комплетираше убедливиот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА