Еј-Џеј Џон ќе „лета“ во Тафталиџе (ВИДЕО)

Сензацијата на сезоната, ТФТ не мирува ниту по крајот на сезоната. Откако новалијата го задржа прволигашкиот статус веќе започнат е процесот на составување на тимот за следната сезона, а по ангажирањето на Јован Моринг и продолжување на довербата со Амир Смит, Ландриус Хортон и Брендон Бејли, ново име во ‘Тафта’ е Еј-Џеј Џон.

Дваесетипет годишниот Американец игра на позицијата крилен центар, висок е 205 сантиметри и ќе биде од огромна помош за составот на Боро Смилковски. Џон потекнува од Универзитетот Калифорнија Дејвис, а во својата професионална кариера брои настапи во Јапонија и Бахраин каде во просек бележел 20.9 поени и 9.5 скока, односно 30.7 поени, 15.3 скока, 2.8 асистенции и 1.2 блокови по натпревар.

Се вчитува...