Ријека дојде до огромни три бода на гостински терен на денешното дерби со третопласираниот Осијек, славејќи со 2-3 иако по првото полувреме домаќините имаа предност од 2-1. Музафер Ејупи беше стрелец на еден од двата гола за Осијек, но на победата на крајот се радуваа Ристовски и Жута, кои беа стандардно добри на бековските позиции кај лидер на табелата.
Ријека одлично го почна натпреварот и поведе во 18. минута преку Гаврановиќ, но домаќините експресно го свртеа резултатот во своја полза. Најпрвин на 1-1 израмни Лопа, за во 31. минута Осијек во водство да го доведе Ејупи, кој натрча на одбиената топка и ја смести во мрежата.
Лидерот на табелата се консолидираше, па на стартот од вториот дел израмни преку Андријашевиќ, за истиот фудбалер со својот десетти гол сезонава да го комплетира пресвртот и да му донесе огромни три бода на лидерот на табелата. Ријека останува на првото местосо 55 бода, шест повеќе од шампионот Динамо Загреб.
[youtube id=”fyjkDTpFq5k” width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА