Македонскиот репрезентативец Музафер Ејупи беше прогласен за играч на мечот во победата на Осијек од 2-0 против швајцарски Луцерн во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.
Поради одличното издание против Луцерн во Осијек владее огромна еуфорија, па сега се очекува и пласман во следната рунда натпревари каде ги очекува големиот ПСВ Ајндховен.
„Одигравме одличен натпревар против Луцерн. Среќен сум со постигнатиот гол, но уште посреќен ќе бидам ако избориме пласман во третото коло. Луцерн воопшто не е наивен противник, но веруваме во нашите квалитети“ – вели Ејупи.
А, потоа следи ПСВ…
„Тоа ќе биде навистина спектакл за Осијек кој живее за овие европски натпревари на фудбалскиот клуб. Дуел со повеќекратниот шампион на Холандија, клуб кој бил и европски шампион, сигурно е сон за сите во Осијек“ – истакнува Музафер Ејупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА