Хрватскиот тим Осијек го направи можеби најголемото изненадување во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, откако го елиминира холандскиот гигант ПСВ Ајндховен. Тимот на Музафер Ејупи, кој играше цел меч, и Милован Петровиќ, кој не беше во составот, и во реваншот го совлада ПСВ со 1-0, со прекрасниот погодок на Бочкај од слободен удар.
Иван Тричковски и Даниел Мојсов со својот АЕК Ларнака исто така се пласираа во плејоф колото од ова натпреварување. Кипарскиот тим го елиминира Динамо Минск, откако денеска одигра 1-1 на гости.
Домжале на Зени Хусмани оди понатаму, елиминирајќи го германскиот Фрајбург со триумф од 2-0 пред своите гледачи.
Рускиот Зенит загуби дома од Јехуда со 0-1, но сепак се пласира во плејоф колото. Црвена Звезда и вторпат ја совлада Спарта Прага, овојпат со 0-1 во Чешка, а со идентичен резултат и Евертон славеше против Ружомберок. Хајдук Сплит го елиминира Брондби со триумф од 2-0, а и Динамо Загреб оди понатаму со ремито без голови на гости против Одд.
Милан со 2-0 против Крајова и на „Сан Сиро“ ја потврди својата класа, а Атлетик Билбао беше уште поубедлив и победи со 3-0 против Динамо Букурешт. Олимпик Марсеј исто така е во плејоф рундата, по ремито без голови со Остенде.
Резултати Лига ЕвропаДинамо Минск – АЕК Ларнака 1-1, Шкендија – Тракаи 3-0, Одд – Динамо Загреб 0-0, Аполон – Абердин 2-0, Габала – Панатинаикос 1-2, Олександрија – Астра 1-0, Спарта Прага – Црвена Звезда 0-1, Видеотон – Бордо 1-0, Зенит – Јехуда 0-1, Фенербахче – Штурм 1-1, Фола – Остерсунд 1-2, Лингби – Краснодар 1-3, Маритимо – Ботев 2-0, ПАОК – Олимпик Доњецк 2-0, Лех Познањ – Утрехт 2-2, Алтах – Гент 3-1, Хајдук – Брондби 2-0, Скендербег – Млада Болеслав 2-1 (на пен. 3-1), Митјиланд – Арка 2-1, Милан – Крајова 2-0, Атлетик Билбао – Динамо Букурешт 3-0, Остенде – Олимпик Марсеј 0-0, Осијек – ПСВ Ајндховен 1-0, Ружомберок – Евертон 0-1, Домжале – Фрајбург 2-0, Паниониос – Макаби ТА 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА