Музафер Ејупи со својот тим Осијек направи големо изненадување со триумфот над холандскиот гигант ПСВ Ајндховен (0-1) во првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Иако Холанѓаните важеа за огромни фаворити, сепак, не успеаја да го скршат отпорот на Осијек. Хрватскиот тим славеше со голот од пенал на Баришиќ во 57.минута од средбата. Ејупи го одигра целиот меч за Осијек.
Иван Тричковски и Даниел Мојсов беа стартери во составот на АЕК Ларнака, кој го совлада Динамо Минск со 2-0 на домашен терен, и би можело да се каже дека го „одмаздија“ тимот на Работнички.
Марјан Алтипармаковски со Судува славеше триумф од убедливи 3-0 против швајцарскиот Сион. Алтипармаковски влезе во игра во второто полувреме од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА