Македонските фудбалски интернационалци Музафер Ејупи и Марко Симоновски беа стрелци за своите екипи во првенствата на Хрватска и на Финска. Ејупи стрелаше во 68.минута за Осијек, израмнувајќи го резултатот на 1-1 против новиот хрватски прволигаш Рудеш.
Марко Симоновски погоди за својот тим Лахти во ремито (1-1) на домашен терен против Рованиеми. Тој беше стрелец во 70.минута од натпреварот и исто така донесе израмнување на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА