Музафер Ејупи продолжува со одличните натпревари во дресот на Осијек, постигнувајќи нов гол со кој хрватскиот прволигаш го елиминираше швајцарски Луцерн и обезбеди мегдан во 3. квалификациското коло од Лигата на Европа против холандскиот ПСВ Ајндховен.
По погодокот на домашен терен пред една недела во победата од 2-0 против Луцерн, Ејупи стрелаше и на гостувањето во Швајцарија на дуелот на кој Осијек загуби со 2-1.
Откако домашните поведоа со 2-0 и се навестуваа продолженија, Ејупи постигна гол во 72. минута кој значеше и пласман на Осијек во следната рунда натпревари.
Goal Ejupi M. (2:1) Luzern vs NK Osijek by ylberenexhipi
Во 3. квалификациско коло се пласираа и македонските репрезентативци Иван Тричковски и Даниел Мојсов со кипарската АЕК Ларнака која го елиминираше ирскиот Корк сити. АЕК Ларнака и на вториот дуел, сега пред своите навивачи, славеше со идентични 1-0. Тричковски и Мојсов го одиграа целиот натпревар за Кипраните.
Сега, Тричковски и Мојсов ќе го „одмаздуваат“ Работнички во 3. коло на мегдан против Динамо Минск кој ги елиминираше „романтичарите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА