Русинката Екатерина Бичкова предизвика бура во тенискиот свет со изјавите за сексуалните склоности на учесниците во „белиот спорт“. Моментно 153.тенисерка во светот откри дека женскиот тенис е полн со девојки кои сакаат – девојки.
„Живееме на планета со шест милијарди луѓе, и да, во тенисот има многу девојки што сакаат – девојки. Приближно секоја десета е „лезбејка“ – изјави Бичкова во интервјуто за Еуроспот, посочувајжи неколку тенисерки со име и презиме – „Рене Стабс, Лиза Рејмонд, Елени данилиду, Франческа Скјавоне, Јохана Ларсон. Па потоа Австралијката Кејси Делаква која има деет, Карла Суарез Наваро која и живее заедно со некоја тенисерка. Многу ги има, можеби 40“.
Русинката не е премногу воодушевена над оваа „појава“ и открива дека во соблекувалната секогаш се држи подалеку од своите колешки.
„Тие работи ги гледаш секојдневно во гардеробата. И воопшто не се чувствувам пријатно кога некоја од нив ме гледа. Тоа ме разбеснува. Не ме интересира која со која спие. Сакам да останеме на дистанца. Нека не ме допираат, нека не ме гледаат, нека ме остават на мир и нека ја почитуваат мојата приватност“ – остро порача Бичкова.
Руската тенисерка го подотвори и тајниот свет на машките колеги во тенисот и нивниот неспортски начин на живот.
„Давид Ферер пуши по цела кутија цигари на ден, Белгијците пушат и пијат многу пиво. Стен Вавринка ужива во ноќниот живот, речиси секоја вечер, ене ми е јасно како после може да игра“ – вели Екатерина Бичкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА