Ова се нашите предлози за обложување за денеска, повторно акцентот е ставен на фудбалските натпревари во Германија…
Сингл на денот
КЕЛН – ФОРТУНА Д. 1 и 2+
Келн влезе во добар ритам пред прекинот поради коронавирусот, забележа три победи на последните четири средби. Во првиот меч по паузата „овните“ ремизираа 2-2 против Мајнц, меч на кој прокоцкаа предност од 2-0.
Дуелот со Фортуна Дизелдорф е идеална можност за враќање на победнички патеки. Гостите од Дизелдорф забележаа реми во последните три бундеслигашки кола, а ќе бидат значително ослабени со неиграњето на турскиот интернационалец Ајхан, дефанзивец кој со години настапува во дресот на Фортуна.
Традицијата е на страната на Келн, овој тим забележа три победи и две реми на последните пет средби на домашен терен против Фортуна, на кои гостите за 450 минути игра постигнаа само два погодоци.
Тикет на денот
Хол. Кил – Штутгарт ГГ 3+
Мајнц – Лајпциг 2 и 2+
Хамбургер – Арминија 1Х и 3+
Аргир – Торшавн 4+
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА