ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Богата спортска понуда на терените ширум Европа, ова е нашиот предлог за денешниот ден.

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Болоња – Интер                 2

Интер одлично се носи со притисокот во трката за скудетото со Јувентус, освојувајќи бодови против „малите“ екипи. Голем „плус“ за Конте е што во тимот за денешното гостување со Болоња се враќа и Сенси, кој беше клучен играч на средината од теренот на стартот од сезоната.

Болоња на хартија има квалитетен тим, но се наоѓа во криза, во последните седум кола „болоњезите“ имаат само една победа (над „фенерџијата“ Сампдорија). Згора на тоа, одбраната ќе биде значително ослабена со неиграњето на Дијкс и Томијасу, а нивните замени ќе имаат тешка задача да ги запрат Лукаку и Лаутаро Мартинез, кои играат во одлична форма.

Значаен адут на Интер е и традицијата, поточно податокот кој вели дека „нероаѕурите“ немаат загубено во Болоња уште од 2002 година. На последните 13 гостувања на „Ренато Дал’Ара“ тимот на Интер има скор од 10 победи и три реми.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Брајтон – Норвич                 1

Лидс – Блекбурн                   1

Зенит – ЦСКА М.                  1

Борусија Д. – Волфсбург    1и3+

Ватфорд – Челси                   3+

Се вчитува...