ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Џенова – Лече                1 и 2+

На пет кола до крајот Џенова има еден бод предност во однос на Лече, во битката за опстанок и бегство од 18. место кое значи преселба во Серија Б. Пандев и соиграчите денеска ќе ја имаат и предноста на домашниот терен, па нема сомнеж дека ќе дадат се од себе за да стигнат до трите бода со кои би направиле значаен чекор кон осигурување на прволигашкиот статус за наредната сезона.

Лече на три од последните четири гостувања прими по четири погодоци, во минатото коло на домашен терен загуби од Фиорентина со 1-3, а проблемите се очекува да се продлабочат по денешниот дуел во Џенова.

На последните две средби во Џенова меѓу овие два тима домаќините стигнале до победи од 4-0 и 3-2, тренд што се очекува да продолжи и на денешниот дуел.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Наполи – Удинезе            1 и 2+

Трабзон – Коњаспор        1 и 2+

Тотенхем – Лестер            1х и 2+

Севилја – Валенсија          1

Се вчитува...